На 11 септември, по Божествената литургија на празникот за Отсекување на главата на Св. Јован Крстител, во храмот на Воскресението Христово, познат и како во храм на светиот рамноапостолен Николај Јапонски, беше отслужена молитва за благодарност при започнување на работа во Православната богословска академија во Токио, на која началствуваше Архиепископот Токиски и Митрополит Јапонски г.г. Серафим, поглаварот на Јапонската православна црква.
Во своето благодарствено слово, Архиепископот Серафим ги охрабри присутните: „Последната година на богословската академија е од големо значење за целокупниот живот на студентите. Се надевам дека ќе се потрудат најдобро што можат.“
Потоа, на состанокот на Советот на професорите, кој се одржа во просториите на академијата, Архиепископот Серафим истакна:
„Ова е важна година за испраќање на студентите кои ја започнуваат својата последна година. Со почетокот на новата академска година, подготвивме нова структура на наставата, која вклучува онлајн предавања од професори од Кансаи и свештеници од дипломатските претставништва во Јапонија. Како што беше нагласено и на црковниот собор во јули, неопходни се напори од целата црковна заедница за привлекување на нови студенти. Минатата недела лично одржав индивидуални разговори со студентите, при што конкретно ги прашав за нивните семејни ситуации и за идните перспективи, прашања кои обично е тешко да се постават. Со цел да се искористат индивидуалните таленти на студентите, неопходно е и тие самите да се трудат, но и ние, како професори, треба да се вложиме со најголем напор во новата година.“