На 16 декември 2024 година, Православната црква на Албанија, го повтори својот апел од август годинава за престанок на прогоните насочени против канонската Украинска православна црква чиј престоител е Митрополитот Онуфриј, за воспоставување на мир и единство на Православието.
Во продолжение ја пренесуваме оваа објава.
Православната Црква на Албанија упорно се навраќа (28.8.2024): „Прогонства, апсења, осквернувања на места за богослужба, конфискации на имоти на свети храмови и манастири се брутални дејствија. Стануваат уште погрозни кога ги наметнуваат законодавните тела на демократски земји. Недамнешниот закон 8371/24.8.2024 на Парламентот на Украина јасно има за цел укинување на канонската Православна Црква на Украина. На овој начин се прогонуваат милиони украински православни верници, бројни епископи, свештеници, монаси и монахињи, под водство на митрополит Онуфриј, сите членови на ’Едната Света Соборна и Апостолска Црква’. Според зборовите на апостол Павле ’ако страда еден член, со него страдаат сите членови’ (1 Кор. 12, 26), ние, кои страдаме заедно со нашите браќа во прогон, жарко се молиме за престанок на крвавите непријателства, кои неповратно го повредуваат целиот украински народ, за укинување на овој неразуман закон, за воспоставување на мирот и единството на Православието, за да може да одговори на неговото сведоштво во светот.“
Извор: https://orthodoxalbania.org/2020/el/2024/12/16/εν-αναμονή-των-χριστουγέννων-εντείνε/