Православната Црква на Албанија, на 22 октомври 2024 година, на својата официјална интернет страница објави соопштение во врска со ужасите во Газа. Во продолжение ова соопштение го пренесуваме во целост.
„Ужасите во Газа, со десетици илјади жртви, повеќето невини цивили, деца, стари лица, болни, предизвикуваат длабока болка. Потребно е да се постигне итен прекин на огнот. Вклучените страни мора да покажат мудрост и разум, ставајќи ја на прво место вредноста на секој човек и мирниот соживот, наместо континуираното насилство со неизмерливи последици. Последователните одмазди не го решаваат проблемот. Сите големи сили мора да придонесат за излез од оваа катастрофална човечка и еколошка трагедија.“
Извор: https://orthodoxalbania.org/2020/el/2024/10/22/η-ορθόδοξος-αυτοκέφαλος-εκκλησία-της/