Митрополитот Тихон (десно) и Епископот Матеј (лево) , фотографија: orthodoxyinamerica.org
Претстоителот на Православната Црква во Америка издаде изјава за сочувство во врска со судирот на два авиона во воздух над Вашингтон, на 29 јануари, во кој загинаа 67 лица. Меѓу жртвите имало и активни православни христијани.
Неговото Блаженство, Митрополитот Тихон Вашингтонски и на цела Америка и Канада, напиша:
„Со голема тага ја примивме веста за трагичната авионска несреќа што се случи над реката Потомак во ноќта на среда, 29 јануари 2025 година, одземајќи ги животите на сите што беа во авионот. Меѓу починатите беа и Александра Тер и нејзината ќерка Оливија, две долгодишни парохијанки на храмот ’Свети Никола’ во Вашингтон.
Во име на клирот и верниците на Православната Црква во Америка, ги изразувам моите најдлабоки сочувства до нивните семејства и пријатели, како и до семејствата и пријателите на сите што загинаа во оваа трагедија. Ги повикувам верниците да се молат за семејствата на сите жртви и сите погодени од трагедијата, а особено за семејството Тер и нивните блиски и сакани. Исто така, ве замолувам да ми се придружите во молитвите кон Господа за новопреставените слугинки Божји Александра и Оливија.
Нека Господ им дарува покој со праведниците, и нека нивниот спомен биде вечен!“
Неговото Преосвештенство, Епископот Матеј Сурошки, Администратор на Патријаршиските Парохии на Руската Православна Црква во САД и Канада, исто така испрати сочувство до претседателот Трамп:
„Клирот и верниците на Патријаршиските Парохии во САД со голема тага ја примија веста за авионската несреќа во Вашингтон. Ве молиме, прифатете ги нашите најдлабоки и најискрени сочувства во врска со трагедијата што одзеде многу животи.
Се молиме на Човекољубивиот Бог за покој на жртвите и за утеха на сите што скрбат поради прераната смрт на своите сакани, како и за дарување духовна и физичка сила на сите што учествуваат во операциите за пребарување и спасување.“