Православната Црква во Америка ја одбележа 250-годишнината од основањето на САД

Православната Црква во Америка го одбележа јубилејот: 250 од основањето на Соединетите Американски Држави со благодарност, размислување и повик кон покајание, во соопштение објавено од Светиот Синод.

Светиот Синод на епископите на Православната Црква во Америка издаде соопштение по повод 250-годишнината на Соединетите Американски Држави, изразувајќи благодарност кон Бога за државата и за верската слобода што таа ја овозможува. Соопштението беше објавено за време на пролетната сесија на Синодот во четвртокот.

„Му благодариме на Семоќниот Бог за Соединетите Американски Држави — држава која, по Божја благодат, им овозможи на своите граѓани слобода да богослужат, да го следат патот на Исус Христос и без страв и присила да сведочат за Евангелието“, се вели во окружното послание. „Овие дарови не ги сметаме за нешто што се подразбира.“

Синодот се осврна и на учеството на православните верници во современото американско општество: „Во време на брзи, а понекогаш и вознемирувачки промени, ние Го нудиме непроменливиот Христос — Истиот вчера, денес и во вечни векови (Евр. 13, 8). Нашите парохии треба да бидат места на вистинско гостопримство, длабоко богослужение и несебична љубов, каде што секогаш се пројавува нашиот Господ, Бог и Спасител Исус Христос. Нашиот придонес за Америка не е во моќта, ниту во политиката, туку во присуството на живиот Бог меѓу Неговиот народ.“

Синодот ја нарече годишнината момент за смирение и покајание, повикувајќи ги верниците да му служат на општеството преку молитва, милосрдие и сведоштво за Христос, истовремено признавајќи ги националните неуспеси и потребата од постојано морално обновување во Христа.

Во текстот се споменува и можноста Руската Задгранична Црква да ја разгледа канонизацијата на својот прв светител роден во САД.

Соопштението завршува со молитва „принесена и во благодарност и во покајание — оваа држава, зачната во стремеж кон слобода и обликувана преку борбите и жртвите на многу генерации, да го послуша древниот повик кон смирение пред Бога, и така да продолжи да биде место каде што Црквата Христова напредува, каде што се проповеда Евангелието и каде што сите луѓе можат без страв да го бараат лицето Божјо.“

Воедно, епархиите, парохиите, манастирите и институциите на Православната Црква во Америка беа повикани да ја одбележат 250-годишнината на САД со благодарствени богослужби, образовни програми, граѓански активности и дела на милосрдие.

Извор: https://www.oca.org/holy-synod/statements/holy-synod/statement-on-the-occasion-of-the-250th-anniversary-of-the-united-states-of-america преку: https://uoj.news/news/87032-oca-marks-250th-anniversary-of-the-united-states