Со благослов на Надлежиот архиереј, свештеникот Марк Тетум-Смит, од парохијата посветена на иконата „Радост на сите жалосни“ во Метинг, Англија, во јурисдикција на Руската задгранична Православна Црква отслужи молебен во чест на 14.000 свети младенци убиени од Ирод во Витлеем, од името на околу педесет православни делегати собрани за учество на „Маршот за живот“ 2025 година во Лондон — најголемото сведоштво во Велика Британија за светоста на човечкиот живот.
По завршувањето на богослужбата, благословувајќи ги верните, како и знамињата и иконите што требаше да го придружуваат маршот, свештеникот Марк одржа кратко слово, во кое нагласи дека православното учество на „Маршот за живот“ не претставува чин на политички активизам, туку искрена молитва на покајание вознесена во срцето на главниот град.
Кога учесниците на маршот заедно поминаа низ улиците на централен Лондон, завршувајќи го кај ѕидините на Парламентот, православното свештенство и верниците испеаја Трисвето, повикувајќи ја Божјата милост за искоренување на убиството на невините човечки животи што се врши во секој град на земјата, како и молејќи за обраќање на срцата на оние што се соучесници во ова големо морално зло на нашето време.
Со благодарност кон Бога, маршот помина во целосен мир и тишина, и беше голема радост да се видат православни христијани собрани заедно од толку многу места, вклучително и од заедниците од другите градови.





Извор: https://orthodox-europe.org/content/march-for-life-2025/
