Првата програма за затворско мисионерство, во соработка со Православното христијанско затворско мисионерство и Православната богословија „Свети Тихон“, ја заврши својата прва група студенти во јуни годинава.
Првата група од седум студенти на оваа програма, од февруари учеше „од далечина“, од своите домови и парохии ширум Соединетите Држави, а завршниот курс беше со физичко присуство, во манастирот „Свети Тихон“.
Како крајно искуство на програмата, студентите има можност да го применат наученото преку посета на блискиот државен затвор во Пенсилванија. Оваа година, студентите дури имаа можност да видат што значи да се крсти некој зад решетки, што беше трогателно искуство за сите.
Неколкумина завршени студенти на оваа програма веќе волонтираат во затворите блиску до нивните домови.
„Клучно е да вклучиме што е можно повеќе лаици и свештеници во оваа програма,“ вели Архиепископ Михаил, ректорот на богословијата „Свети Тихон“. „Затворското мисионерство е света задача, дадена од Самиот Господ. Очигледно, ова е тешка задача, ако гледате до колку луѓе треба да се стигне. Но, од друга страна, не станува збор само за бројките. Можеме да го воспоставиме овој програм седум луѓе по седум луѓе. Можеме да ги обучиме и да ги сместиме овие луѓе. Христос долго време нè упатуваше да го направиме ова мисионерство, а ние не го правевме. Сега сум задоволен дека барем и на мал начин помагаме во ова мисионерење.“
Православното христијанско затворско министерство е оддел на Соборот на канонски православни епископи на Соединетите Американски Држави. На православните христијани кои биле уапсени за криминални дела, овој оддел им помага да се вратат во верата, нудејќи им прошка и помирување со Христа. И за православните и за неправославните, одделот води духовна грижа, овозможувајќи им на затворениците да најдат надеж и цел во животот. Интернет адресата на овој оддел е: theocpm.org.