На 25 / 12 јули 2024 година, во Светогорската царска лавра Хиландар свечено и молитвено беше прославен празникот на иконата на Пресвета Богородица – Троеручица. Гостин на манастирското братство беше Неговото Преосвештенство Епископот Ваљевски г. Исихиј од Српската православна црква.
Молитвеното празнување на Небесната заштитничка и игуманија на манастирот започна со сеноќно бдение, по што беше отслужена света архијерејска Литургија на која началствуваше владиката Исихиј. На Литургијата, владиката Исихиј во свештенички чин го ракоположи собратот на манастирот Хиландар, о. Нектариј.
На манастирската прослава присуствуваа претставници на повеќе светогорски манастири, како и монаси од други светогорски скитови и ќелии, свештенослужители од Српската и Македонската православна црква, гости од Србија, Македонија, Грција и од други земји.
На десната певница пееше старецот Дамаскин од Новиот Скит со своите монаси, а на левата певница пееја браќата од ќелијата на Свети Никола „Буразери“.
По светата Литургија во манастирската трпезарија беше послужена празнична трпеза.
За чудотворната икона на Пресвета Богородица – Троеручица се смета дека извесно време, во XIII век, се наоѓала во Скопје.
Извор: https://www.hilandar.org/praznik-presvete-bogorodice-trojerucice-u-hilandaru/