Празникот на покрстувањето на древната Рус прославен во Русија

На 28 јули 2024 година, во 5-та недела по Педесетница, денот кога се празнува споменот на светиот рамноапостолен велик кнез Владимир, денот на црковното и државно празнување на Крштевањето на древната Рус, Неговата Светост Патријарх Московски и на сета Рус г.г. отслужи Божествена Литургија во горниот храм „Свети Александар Невски“ од Благовештенската црква на Свето-Троицката Александро-Невска Лавра во Санкт Петербург, Русија.

На овој ден се одбележуваат и 300 години од преносот на моштите на светиот благоверен кнез Александар Невски во оваа лавра и нивното поставување во црквата Благовештение.

При доаѓањето во храмот, Неговата Светост Патријархот Кирил се поклони на моштите на свети Александар Невски, а потоа ја водеше богослужбата на Божествената Литургија.

Нему му сослужуваа: Митрополитот Санкт-Петербуршки и Ладошки г. Варсануфиј, Епископот Кронштатски г. Венјамин, Епископот Петерготси г. Силуан од Петерхоф – ректор на Петербуршката духовна академија, Епископот Раменски Алексиј – личен секретар на Патријархот Кирил и многубројно свештенство на Руската православна црква.

Службата беше пренесувана во живо на ТВ каналите „Сојуз“, „Спас“ и „Санкт Петербург“, како и на официјалниот сајт на Руската православна црква.

Подоцна на истиот ден, Лаврата ја посети Претседателот на Руската федерација Владимир Путин, кому Патријархот Кирил му врачи орден „Свети Александар Невски“ од прв ред, поради неговите заложби за враќањето на иконите на свети Андреј Рубљов во Свето-Троицката Сергеева Лавра и враќањето на моштите на благоверниот кнез Александар Невски во Александро-Невската Лавра.

Заблагодарувајќи се на доделената награда, Претседателот Путин истакна: „Ваша Светост, многу Ви благодарам за оваа висока црковна награда. Сакам да кажам дека Руската православна црква е, се разбира, една од најважните морални основи за постоењето на рускиот народ. Заедно со традиционалните руски конфесии, Руската православна црква е и основа на руската државност. Направивте многу за и во денешно време да биде укрепена државата. Затоа што нема ништо помоќно и посилно од духовниот принцип. Сè друго е изградено на ова.“

Извор: http://www.patriarchia.ru/db/text/6147752.html