Со Света Литургија во заветниот храм на ава Јустин, во манастирот Ќелије, началствуваше високопреосвештениот митрополит Крушевачки г. Давид, во сослужение со преосвештените епископи Ваљевски г. Исихиј и Топлички г. Петар, викар на српскиот патријарх, и свештенослужители од повеќе епархии.
Моштите на Преподобниот отец Јустин оваа година беа поставени пред храмот, со што неговиот благослов на особен начин беше присутен меѓу сите учесници на литургиското собрание. Празнично слово, засновано на прочитаното евангелско зачало (Мт. 5, 42–48), произнесе митрополитот Крушевачки г. Давид:
– Православното христијанство не го признава ближниот како непријател, туку сè прави за секој човек да стане ближен и брат. Но, ние не сме заспани за да не знаеме како некој се однесува кон нас и ние кон него, зашто секое однесување носи свои плодови, остава трага. Постојат луѓе кои се однесуваат непријателски и единствениот начин да останат ближни е да ги благословуваме, а не да ги колнеме. Тоа, секако, подразбира да правиме добро на оние што нè мразат и да се молиме за оние што нè навредуваат и прогонуваат – објасни митрополитот Давид, наведувајќи го познатиот христијански парадокс преку кој единствено се добива благослов и право на обраќање кон Небесниот Отец, Кој, според евангелистот Матеј, ги осветлува и злите и добрите и испраќа дожд и на праведните и на неправедните. – Секој човек е повикан кон спасение – поучи митрополитот, додавајќи дека христијанскиот живот повикува кон совршенство во подвиг и добродетел.
Во второто евангелско зачало (Мт 11, 28–30), Господ ги повикува кај Себе сите што се изморени, обременети, ранети, оптоварени и духовно мртви, зашто Тој е вистинскиот Спасител, Кој нè привлекува кон Отецот какви и да сме. Почетокот на христијанскиот живот е земањето на јаремот – крстот. Тој крст секогаш е Господов, составен од безброј наши крстови вградени во него, а носењето на нашиот крст значи всушност подаржавање на Господовиот. Од Господа учиме како се носи крстот: кротко и смирено. Само така се наоѓа мир за душата. Мирот доаѓа од благодатта што Господ ја дава на луѓето… Крстот се носи на синовски начин и само синовите можат да го понесат – објасни митрополитот Давид, укажувајќи на тоа дека Христовиот Крст преку смирението станал победоносен знак и токму затоа нашата вера е блага вест – нешто што можеме да му го понудиме на светот.
По Светата Литургија, Преосвештениот епископ г. Петар го прекрши славскиот колач со сестринството на манастирот Ќелије. Свое обраќање имаше епископот Исихиј го истакна значењето на присуството на отец Јустин преку неговите свети и чудотворни мошти.















