Празнувањето на светиот Јован Шангајски и Санфранциски во храмот „Света великомаченичка Екатерина“, кој е подворје на Православната црква во Америка во Москва, собра претставници на четири помесни Цркви, по повод 60-годишнината од упокојувањето на светиот архијереј.
Божествената Литургија ја предводеше Неговото Високопреосвештенство, митрополит Антониј Волоколамски, претседател на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, пренесува храмот „Св. Екатерина“.
Сослужуваа: архимандрит Серафим (Шемјатовски) – претставник на Православната црква на Чешките земји и Словачка при Московската патријаршија; протојереј Даниел Андрејук – претставник на Православната црква во Америка при Московската патријаршија и старешина на храмот; свештеник Мирон Кантеладзе од подворјето на Грузиската патријаршија „Св. Георгиј“, како и други клирици на храмот „Св. Екатерина“ и свештеници од повеќе московски храмови.
За празникот во храмот беше изложен за поклонение појасот на светиот Јован.
На Литургијата беа вознесени посебни молитви за покој на Борис Иванович Максимович и Глафира Михајловна Максимович, родителите на свети Јован.
По завршувањето на Литургијата, протојереј Даниел Андрејук му се обрати на митрополитот Антониј, изразувајќи благодарност до Неговата Светост, патријархот Кирил, за грижата за храмот и подворјето. Од своја страна, митрополитот Антониј го пренесе патријаршискиот благослов до свештенството и верниците.
На празничната трпеза по богослужбата, протојереј Даниел истакна дека иако живееме во збунети времиња, заедничката молитва и животот во Црквата нè обединуваат и ги рушат сите ѕидови на непријателство.
Во вечерните часови беше отслужен молебен со акатист кон свети Јован од страна на клириците на храмот „Св. Екатерина“.












Извор: https://ocapodvorie.ru/2026/07/02/svyatitelya-ioanna-shanhajskogo-i-san-franczisskogo-3/
