Со црковно велелепие во Соборната црква во Доха, престолнината на Катар, и оваа година беше прославен споменот на преподобниот и богоносен отец Исак Сирин, кој се подвизувал во Катар.
Во четвртокот, на 10 октомври 2024 година, беше отслужена празнична вечерна служба со петолебие, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Архиепископот на Катар г. Макариј. Химните ги пееше хорот на црквата на арапски, грчки и црковнословенски јазик. По завршувањето на вечерната служба беше приредена предпразнична свечена трпеза, на која присуствуваа свештениците и верниците.
Во петокот, на 11 октомври 2024 година, беше отслужена утрена и архијерејска Божествена Литургија, на која началствуваше Архиепископот Макариј во сослужение со ставрофорниот протојереј-економ о. Михаил Теохаридис, со учество на многубројните верници, во присуство на амбасадорот на Грција г. Јоанис Јоанидис, амбасадорот на Русија г. Дмитриј Дугаткин, новиот амбасадор на Кипар г. Андреас Николаидис, вршителот на должноста амбасадор на Грузија г. Теимураз Кереселидзе и вршителот на должноста амбасадор на Србија г. Александар Петровиќ.
По завршувањето на празничната Божествена Литургија, се одржа литија со иконата на свети Исак Сирин, по што следуваше послужување во новата сала за прием – известува Архиепископија на Катар при Ерусалимската Патријаршија.










Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/η-εορτη-του-αγιου-ισαακ-του-συρου-εισ-τ-3