Во вторник, на 23 октомври / 5 ноември 2024 година, Ерусалимската Патријаршија го празнуваше споменот на светиот Јаков, брат Господов. На овој празник, целата Црква, особено онаа во Ерусалим, се сеќава дека свети Јаков бил син на Јосиф, за кого била обручена Пресвета Богородица, па затоа Јаков е наречен брат Господов (Матеј 13, 55). Тој е наречен „праведен“, поради неговата крајна чесност и праведност.
Тој беше поставен од Господ за прв архијереј на Црквата во Ерусалим. Тој претседаваше со Првиот апостолски собор во Ерусалим во 49 година. Тој најмногу придонесе за одлуката на овој Синод, црквата да ги отвори своите порти за сите народи, а не само за Евреите.
Тој го напиша своето соборно послание во Новиот завет, упатено до дванаесетте племиња на Израел во дијаспората. Тој исповедаше дека Исус седи од десната страна на силата Божја и доаѓа на небесните облаци. Поради неговото сведочење, тој беше турнат од Соломоновиот храм од Евреите и каменуван до смрт по наредба на Првосвештеникот Ана, во 62 година.
Во чест на неговиот спомен и неговото дело, во храмот посветен нему, кој се наоѓа помеѓу Братството на Свети Гроб и Црквата на Воскресението, беше отслужена празнична Вечерна богослужба, на која претстоеше Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил.
Утрото на главниот ден на празникот, Патријархот Теофил началствуваше на Божествената Литургија, на која сослужуваа: Митрополитот на Назарет г. Киријак, Преосвештениот Архиепископ Константинос г. Аристовул и поглаварот на Руската духовна мисија во Ерусалим, отец Васијан, со молитвено учество на парохјаните на Црквата и другите Ерусалимци, во присуство на претставникот на грчкиот генерален конзулат во Ерусалим, г. Константин Гифту.
Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/η-εορτη-του-αγιου-ιακωβου-του-αδελφοθ-15/