Празникот Торжество на Православието прославен во Техеран, Иран

На 1 март 2026 година, во Првата недела од Великиот пост, кога се празнува празникот Торжество на Православието, во храмот „Свети Николај Мирликиски“, во Техеран, Иран, беше отслужена Божествена Литургија. Богослужбата ја отслужи клирикот на храмот, игуменот Варлаам (Дулски).

Поради продолжените ракетни напади во Техеран, Литургијата ја посети мал број верници. И покрај тоа што во близина се слушаа експлозии, богослужбата беше продолжена и заврши со празнична проповед на игуменот Варлаам – известува Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија.

Извор: https://mospat.ru/ru/news/94066/