Премина при Господа Архиепископот Чикашки и Средноамерикански Петар од Руската Задгранична Црква

Во петок, на 8 ноември, на денот на споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски, ненадејно почина Архиепископот Чикашки и Средноамерикански Петар од Руската Задгранична Православна Црква (РЗПЦ) – известува сајтот на епархијата.

Роден е на 9 август 1948 година во Сан Франциско. Таму учел во руската црковна гимназија „Кирил и Методиј“. На 19 август 1965 година, бил поставен за чтец од страна на светиот Јован (Максимович, Сан-Франциски и Битолски, †1966). Бил прислужник кај светиот Јован, му помагал и го придружувал во неговите архипастирски патувања. Во септември 1966 година, влегол во Светотроицката семинарија и оттогаш живеел во Светотроицкиот манастир во Џорданвил.

Во периодот од 1971 до 1976 година, работел во канцеларијата при Архијерејскиот Синод на Руската Задгранична Црква, помагајќи му на епископот Менхетански Лавр. По завршувањето на семинаријата, дипломирал на Универзитетот Норвич и на теолошкиот факултет на Белградскиот универзитет.

На 2 март 1987 година, станал искушеник, а во 1988 година е замонашен и ракоположен за ѓакон од архиепископот Сиракуски и Троицки Лавр.

На 25 април 1989 година е ракоположен за јеромонах. Предавал Историја на Црквата, Светска историја и цивилизација во Светотроицката семинарија и бил инспектор во семинаријата. Од манастирските послушанија, ја извршувал должноста секретар на Духовниот собор на Светотроицкиот манастир во Џорданвил.

Во 2000 година бил назначен за началник на Руската духовна мисија на РЗПЦ во Ерусалим. Во 2002 година, бил назначен за администратор на Чикашката и Детроитската епархија.

Во 2003 година е хиротонисан за епископ Кливлендски, викар на Чикашката епархија.

Со одлука на Архијерејскиот Синод на РЗПЦ од 30 јуни – 1 јули 2016 година, бил назначен за епархиски архијереј Чикашки и Средноамерикански и воздигнат во чин архиепископ.

Извор: https://www.synod.com/synod/2024/20241108_archbppeterrespose.html