На празникот Преображение Господово, кој воедно е и храмов празник на Соборниот храм во Требиње, како и слава на Градот Требиње во Босна и Херцеговина, со светата Литургија началствуваше Високопреосвештениот митрополит Милешевски г. Атанасиј, во сослужение со Високопреосвештените и Преосветените архијереи: Захумско-херцеговски и Стонско-приморски г. Димитриј, на Лос Анџелес и Западна Америка г. Максим, Диоклиски г. Паисиј, како и бројно свештенство и свештеномонаштво од повеќе епархии на Српската Православна Црква.
За време на утринското богослужба, архијереите заедно со народот ги пречекаа моштите на света Ана, мајката на свети Василиј Острошки, кои од Мркоњиќи ги донесе митрополитот Димитриј со свештениците и свештеномонасите на епархијата Захумско-херцеговска и приморска. На евангелската тема беседеше владиката Максим. По причестувањето, во црковниот двор, владиката Паисиј го благослови грозјето, а потоа владиката Максим го освети славското жито и колач. Со слово до собраниот народ се обрати владиката Атанасиј.
Во навечерието на празникот, вечерното богослужба со петолебие го служеше Епископот Диоклиски Паисиј, со молитвено учество на епископите Димитриј и Максим.




















Извор: Епархија захумско-херцеговска преку: https://spc.rs/sr/news/aktuelno//14621.preobrazenje-u-trebinju-svecano-docekane-mosti-svete-ane.html
