На 11 и на 12 јули 2024 година, со благослов на Патријархот Московски и на сета Рус Кирил, претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Руската црква, Волаколамскиот митрополит Антониј ги посети Рим и Ватикан.
На 11 јули, во Домот на св. Марта во Ватикан, Митрополитот беше примен од Римскиот Папа Франциск. На средбата беа разгледани прашања поврзани со меѓуцрковните односи и со заедничките напори во хуманитарната сфера.
На 12 јули, Митрополитот Антониј отслужи Литургија во храмот „Св. вмч. Екатерина“ во Рим. Истиот ден, тој имаше неколку работни средби во Римската курија. Тој ги информираше соговорниците за континуираните прогонства врз Украинската православна црква. Освен тоа, Митрополитот Антониј детално им го објасни односот на Руската православна црква кон документот „Fiducia suplicans“, и ги запозна со мислењето на Синодската библиско-богословска комисија во врска со истиот.