Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, на 31 октомври 2026 година, по петти пат од неговиот избор за претседател, ја посети седиштето на Цариградската патријаршија во Фанар, Истанбул. Неговата претходна посета беше на почетокот на април годинава.
Цариградскиот патријарх Вартоломеј, срдечно го пречека украинскиот претседател, по што двајцата одржаа средба во патријаршиската канцеларија, која траеше околу еден час – известува Цариградската Патријаршија.
За време на средбата, патријархот Вартоломеј ја повтори поддршката на Цариградската патријаршија за украинскиот народ.
Од своја страна, претседателот Зеленски изрази благодарност од името на својата земја за постојаната поддршка и молитвите на Цариградската патријаршија, како и лично на патријархот Вартоломеј. Тој му упати честитки и најсрдечни желби по повод 35-годишнината од неговото патријаршиско служење.
По средбата, патријархот Вартоломеј лично го испрати претседателот Зеленски до влезот на патријаршијата.



Извор: https://ec-patr.org/31/10/21/49/o-proedros-tis-oykranias-k-volodymyr-zelenskyy-sto-oik/
