Претстоителот на Православната црква во Америка, Неговото Блаженство Митрополитот Вашингтонски и Архиепископ на Америка и Канада Тихон и делегација на Православната Црква во Америка беа во посета на Цариградската патријаршија од 7 до 10 јуни 2024 година. Таму имаа средби со Неговата Светост Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, Високопреосвештениот Митрополит Халкидонски Емануил, Митрополитот Талински Стефан, Претстоителот на Естонската апостолска православна Црква, која е под јурисдикцијата на Цариградската Патријаршија, и други членови на Светиот Синод на Цариградската Патријаршија.
Митрополитот Тихон и делегацијата присуствуваа на богослужбите во Патријаршискиот соборен храм каде што на Божествена Литургија утрото на 9 јуни, ги примија Светите Тајни.
На средбите беа дискутирани различни теми, вклучително и нивните неодамнешни патувања во Украина и Романија, како и прашања поврзани со православието во Северна Америка.
Од 1 до 4 јуни, претставниците на Православната црква во Америка ја посетија Украинската православна црква (за што веќе известивме), а од 4 до 7 јуни беа во посета на Романската православна црква. За време на посетата на Романија, која ги зајакна врските и пријателството на Православната црква во Америка со Романската православна црква, делегацијата го посети манастирот Путна, каде што Митрополитот Тихон служеше Божествена Литургија, и имаше прием во Патријаршиската палата.