Превирања во манастирот „Св. Екатерина“ на Синај: сменет е игуменот Дамјан

Со писмо до Ерусалимскиот Патријарх Теофил, дел од братството на манастирот „Св. Екатерина“ на Синај соопшти дека го разрешува од должност досегашниот игумен на манастирот, Архиепископот Синајски г. Дамјан, кој ја врши таа служба 52 години. Синајската Архиепископија е автономна Црква во составот на Ерусалимската Патријаршија.

Според известувањето на грчките црковни медиуми, во манастирот бил свикан собор на кој присуствувале 15 монаси со право на глас, кои едногласно одлучиле да го разрешат игуменот од својата должност. Според Правилникот на манастирот, собор може да се свика од 2/3 од братството, и не е потребно да го свика игуменот. Вчера тој бил поканет, но не присуствувал.

Главната причина за ова ненадејна реакција, како што изгледа, е неодамна усвоениот предлог-закон од Министерството за образование на Грција, кој предвидува основање на правно лице на овој манастир во Грција под името „Грко-православен свет царски автономен манастир на светата и Богочекорена Синајска Гора во Грција“. Архиепископот Дамјан ја нарече оваа иницијатива „развој што му дава правно лице на претставништвото на светиот манастир во Грција и што одамна требало да биде направено“.

Архиепископот на Синај, Фаран и Раит, г. Дамјан остро реагираше на одлуката на братството на манастирот. Тој оваа одлука ја нарече неканонска и истакна дека ќе отците ќе бидат санкционирани, согласно со светите канони. Истовремено, тој повика на национално и црковно обединување за зачувување на историското наследство на светиот Манастир Синај, симбол на светското културно и верско наследство.

Следува неговиот одговор, како што е објавен на грчките црковни портали:

„Во 2012 година, по тужба до египетскиот суд поднесена од тогашниот градоначалник на градот Света Екатерина и тогашниот гувернер на Јужен Синај, започна Голготата на светиот Синајски манастир. Тоа неразбирливо и целосно неоправдано доведување во прашање на вековниот статус на Манастирот (кој беше признаен и од УНЕСКО во 2002 година со прогласување на Манастирот за Споменик на Светското Културно Наследство) – по одлуката од 28 мај 2025 на Апелациониот суд во Исмаилија – ја загрозува самата егзистенција на Манастирот.

Од тој ден започна една титанска борба за спасување на Манастирот и обезбедување на неговата иднина.

По многу труд, таа борба почна да дава резултати. Поднесувањето на предлог-законот со кој претставништвото на Манастирот во Грција добива правна личност и едногласната поддршка на сите партии беа моментот кога се врати надежта, бидејќи Синајскиот манастир е точка на единство на Елинизмот и Православието. Сите Грци низ светот ја подадоа раката со срце кон пријателскиот Египет, во духот на соработка и заедништво околу возвишени идеали како што е верската слобода.

И пријателскиот Египет одговори, бидејќи Почитуваниот Министер за Надворешни Работи на Арапската Република Египет ќе ја посети Атина на 6 август – па со право очекуваме крај на Голготата на Манастирот.

Но, токму сега, кога се враќа надежта, кога напорите почнуваат да даваат плод, се потврди уште еднаш стихот на Д. Соломос: „Раздор што држи жезол лукаво, секому му се смешка, земи го и ти“.

Некои отци од Светиот Манастир Синај „се возбудија, размислија, испланираа предавање“ – не со цел да почитуваат, туку како да заговоруваат за да ги погазат Божјите и свети канони и темелните правила на Манастирот. Јас ги затворив очите и ушите за нивните дела за да не ни се одвлече вниманието од главната цел – заштитата на вековниот статус на Манастирот. Но, веќе, нивните неправилности го саботираат народот Божји, ја поткопуваат единството на братството, го водат Манастирот во „вавилонско ропство“ и, пред сè, им служат најдобро на оние што не сакаат Голготата на Манастирот да заврши. „Денес Јуда Го напушта Учителот и Го прифаќа ѓаволот. Слеп од страста за власт, паѓа од светлината во темнина.“

Она што го прават – без страв Божји, без срам и без свест – претставува црковен удар кој нема да дозволиме да има катастрофални последици за интегритетот и единството на Елинизмот, како што имале други удари.

Како нивен духовен отец, должност ми е да вложам секој напор за тие да го сфатат својот грев и да не станат „таткоубијци“. По молитва и со неизмерна болка во срцето, со рака што трепери не од тежината на 91 година земен живот, туку од одговорноста за иднината на Манастирот, морам да постапам според Светите Канони, на чие воспитно дејство ќе бидат предадени – за да имаат можност да се покајат и така сите заедно, обединети, далеку од суетни егоизми, да го спасиме Светиот Манастир.

Да се инспирираме сите од единството што го покажува Грчкиот Парламент од едниот до другиот крај овие денови, за спас на Светиот Манастир Синај.

Ги благословувам сите и се молам благодатта на Света Екатерина и на Богогазеното Синајско Горе да ја покрива нашата татковина и секого поединечно.“

Извор: https://orthodoxia.info/news/praxikopima-sina-sikose-to-ganti-o/