При ракетен напад е оштетен храмот на Руската Православна Црква во Техеран

Рано наутро на 1 април 2026 година, на околу 150 метри од храмот „Св. Никола“ на Московската Патријаршија во главниот град на Иран, Техеран, паднаа две балистички ракети. Експлозиите се слушнале во 5 часот и 37 минути.

Од ударниот бран беа исфрлени централните влезни порти. Исто така, искршен е еден прозорец во храмот (додека останатите прозорци се отвориле), како и стаклото на кивотот на целивната икона. Во некои простории се ронела малтерисаната површина.

Во крилото од зградата каде што живее клирикот на храмот, игумен Варлаам (Дулски), беше искршена стаклената врата. Самиот отец Варлаам не е повреден – известува Московската Патријаршија.

Извор: https://www.patriarchia.ru/article/120424