На 12 септември 2024 година, на празникот по повод 300-годишнината од пренесувањето на моштите на благоверниот кнез Александар Невски во Санкт Петербург, Светејшиот Патријарх Московски и на сета Рус г.г. Кирил, отслужи Божествена Литургија во Благовештенскиот храм на Свето-Троицката Александро-Невска лавра во Северната престолнина на Русија.
По завршувањето на Литургијата, поглаварот на Руската Православна Црква ја предводеше литијата со моштите на благоверниот кнез Александар Невски од Благовештенскиот храм до плоштадот „Александар Невски“.
Таму поглаварот на Руската Црква отслужи молебен и прочита молитва на благоверниот голем кнез Александар Невски. Во молебенот учествуваа митрополитите: Санктпетербуршки и Ладожски г. Варсонофиј, Воскресенски г. Григориј – управител на Московската Патријаршија, Волоколамски г. Антониј – претседател на Одделот за надворешни црковни односи на Московската Патријаршија и други високи црковни лица од Санктпетербуршката митрополија.
На плоштадот присуствуваа гувернерот на Санкт Петербург, А. Д. Беглов, гувернерот на Ленинградската област, А. Ј. Дрозденко, претседателот на Законодавното собрание на Санкт Петербург, А. Н. Бељски, и други официјални лица.
Пренос од литијата и молебенот се емитуваше во живо на телевизиите „Санкт Петербург“, „Сојуз“, „Спас“, како и на официјалниот портал на Руската Православна Црква Патријархија.ру. Жителите и посетителите на Северната престолнина можеа да го следат преносот на големи екрани поставени на плоштадот.
Светејшиот Патријарх Кирил им се обрати на собраните на плоштадот Александар Невски со Првопастирско слово.
На крајот, под звукот на камбаните, кивотот со моштите на благоверниот голем кнез Александар Невски беше пренесен во Благовештенскиот храм на Александро-Невската лавра.
Според воспоставената традиција, на денот на Александар Невски, на гробовите на носителите на Орденот на Александар Невски на Никољските гробишта на Лаврата беше положен венец од цвеќе.