Во Светиот манастир Ватопед со сеноќно бдение беше прославен храмовиот празник – Благовештение на Пресвета Богородица.
Со празничното богослужение чиноначалствуваше Високопреосвештениот Митрополит на Солун г. Филотеј, од Црквата на Грција. Нему му сослужуваше Високопреосвештениот Митрополит на Лимасол г. Атанасиј од Црквата на Кипар, заедно со Високопреподобниот архимандрит Ефрем, игумен на манастирот Ватопед, Високопреподобниот архимандрит Методиј, игумен на манастирот Хиландар, како и бројни свештенослужители од Света Гора.
Убавината на прославата ја збогатија со своето пеење членовите на кипарскиот хор, братството на Ватопед и професорот по музика д-р Георгиј Константину.
На манастирската слава присуствуваа и политичкиот администратор на Света Гора г. Алкивијадис Стефанис, претставници на полицијата, противпожарната служба и крајбрежната стража.
По Светата Литургија следуваше празнична трпеза. Поради лошото време, не се одржа славската литија.
Според древната традиција, за време на славите на братските манастири Ватопед и Хиландар, игумените почесно си го отстапуваат местото еден на друг. Тоа се случува секоја година, кога за славата на манастирот Ватопед – Благовештение, хиландарскиот игумен симболично ја презема игуменската чест, додека ватопедскиот игумен го прави истото за славата на Хиландар на празникот Воведение на Пресвета Богородица.

















Извор: https://www.hilandar.org/hilandarski-iguman-metodije-u-manastiru-vatopedu-na-praznik-blagovesti/
