На 23 ноември, во црквата посветена на светиот апостол Филип во Шарџа, Обединетите Арапски Емирати беше прославен храмовиот празник. Прославата беше преместена во неделата, наместо на 27 ноември.
Празничната Божествена литургија во црквата, која е единствениот храм на Руската Православна Црква на Арапскиот Полуостров, ја предводеше претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, митрополитот Волоколамски Антониј. На архипастирот му сослужуваа: настојателот на храмот – архимандрит Александар (Заркешев), клирикот на храмот „Св. Никола“ во Техеран – игумен Варлаам (Дулски) и свештенослужители-соработници на Одделот за надворешни црковни врски.
Богослужбените песнопенија ги исполни парохискиот хор.
По богослужбата, архимандритот Александар (Заркешев) му се обрати на митрополитот Антониј со поздравни зборови, благодарејќи му за тоа што отслужи Литургијата на денот кога парохијата го слави храмовниот празник. Во одговор, архипастирот им го пренесе на сите присутни благословот на Неговата Светост Патријархот Московски и на сет Рус Кирил.
Митрополитот Антониј му врачи на архимандритот Александар (Заркешев) одликување од Одделот за надворешни црковни врски: медал на свети Марко Ефески од прв степен, во чест на неговото 40-годишно служење во свештенички чин.










