На 4 ноември, на денот на прославата на Казанската икона на Пресвета Богородица, со благослов на Блаженејшиотиот Патријарх Антиохиски и на целиот Исток г.г. Јован, утрената и Божествената литургија во храмот „Св. свештеномаченик Игнатиј Богоносец“ во Подворјето на Руската православна црква во Дамаск ги предводеше епископот Лариски г. Мојсеј од Антиохиската Патријаршија. На архијерејот му сослужуваа претставникот на Патријархот на Москва и сета Рус при Антиохискиот патријаршиски престол, архимандритот Филип (Василцев) и свештеникот Фид.
Богослужбата се одржа на црковнословенски и арапски јазик, информира веб-страницата на Претставништвото.
Меѓу присутните во храмот тој ден беа членови на рускојазичната православна заедница на Сирија од градовите Латакија и Хомс. Поклоничкото патување на заедницата во Дамаск беше организирано со поддршка на Сојузот на православни жени.
Извор: https://representation-damascus.org/день-памяти-казанской-иконы-божией-ма/