Во саботата, 28 април / 11 мај 2024 година, во Ерусалимската патријаршија беше прославен празникот на Светиот Великомаченик Георгиј, чие празнување беше поместено од Светол понеделник, во Светлата сабота.
На тој ден во градот Ако, кој се наоѓа во Западна Галилеја, во Израел, неколку километри северно од Хаифа, во древниот храм на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил отслужи Света Архијерејска Литургија. Му сослужуваа Високопреосвештениот Митрополит на Назарет г. Киријакот, Високопреосвештениот Архиепоископ Константински г. Аристарх, заедно со свештенството од Братството на Светиот гроб и со претставникот на Руската духовна мисија во Светата Земја, игуменот Никон (Головко).
Во храмот присуствуваа Амбасадорот на Грција во Израел, г. Кириакос Лукакис, претставникот на Министерството за внатрешни работи на Израел задолжен за христијанските заедници г. Сезар Марџие, генералниот конзул на Руската Федерација во Хаифа А.Н. Будаев, почесниот конзул на Русија на северот на Израел Амин Сафиј, претставници на градските власти на Ако, политички и јавни личности од градот.
Богослужбата беше отслужена на грчки, арапски и црковнословенски јазик.
Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/η-εορτη-του-αγιου-μεγαλομαρτυροσ-γεωρ-30/