Прослава на престолниот празник на Антиохиското Подворје во Москва

На 26 јули 2024 година, на празникот на Соборот на Архангелот Гаврил, беше прославен патрониот празник на храмот во Подворјето на Антиохиската Православна Црква во Москва.

Божествената Литургија во храмот отслужија Претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, Митрополитот Волоколамски Антониј, претставникот на Патријархот Антиохиски и на целиот Исток при Патријархот на Москва и цела Русија, настојателот на Подворјето Митрополитот Филипополски Нифон и Епископот Лариски Мојсеј од Антиохиската православна црква.

По завршувањето на Литургијата во дворот на Подворјето, на отворено, беше отслужен молебен на Архангелот Гаврил.

На молебенот присуствуваа шефови и претставници на дипломатските мисии во Руската федерација на: Бугарија, Албанија, Аргентина, Белгија, Бразил, Чиле, Колумбија, Хрватска, Германија, Ирак, Јордан, Република Кореја, Кувајт, Либан, Луксембург, Македонија, Малта, Мексико, Молдавија, Нов Зеланд, Португалија, Словачка, Словенија, Швајцарија, САД, Јемен, Тајланд, Велика Британија, Чешка, Сирија и Катар.

По завршувањето на молебенот, Митрополитот Филипополски Нифон имаше свое обраќање до Митрополитот Антониј, Епископот Мојсеј и до сите учесници во свеченоста, во кое, меѓу другото, им го пренесе на присутните благослов од Антиохискиот Патријарх Јован и изрази благодарност до Патријархот Московски и на сета Рус Кирил за грижата за Подворјето.

По богослужбата, во Подворјето на Антиохиската Патријаршија се одржа празничен прием.

Извор: https://mospat.ru/ru/news/92017/