Прослава на Рождеството Христово – Божик во Јапонската Православна Црква

Архиепископот Токиски и митрополит на цела Јапонија г.г. Серафим началствуваше на богослуженијата за Рождеството Христово кои беа отслужени и според новиот (грегоријански) календар и според стариот (јулијански) календар. Беа отслужени сеноќни бденија и Божествени Литургии на 24 и 25 декември 2025 година (среда и четврток) и на 6 и 7 јануари 2026 година (вторник и среда), како и Божествена Литургија и новогодишна молитва на 1 јануари (четврток), во Токискиот соборен храм „Воскресение Христово“.

Оваа година празниците и според новиот календар и според стариот календар паѓаа во работни денови, но и покрај тоа голем број верници се собраа во храмот. И понатаму најголем број посетители кои не се православни беа забележани на сеноќното бдение за Рождеството според новиот календар, кое е одамна познато и омилено како „Бадник во Николај-до“. Но, особено впечатлив е наглиот пораст на бројот на присутни на богослужбите за Рождеството според стариот календар. Што се однесува до Божествената Литургија, бројот на верници на празникот според стариот календар го надмина оној според новиот календар.

Извор: https://www.orthodoxjapan.jp/article/20251225.html