Прослава на Рождеството Христово според новиот календар

Помесните Православни цркви кои го користат новиот (грегоријански) календар, денес го одбележуваат празникот на Рождеството Христово – Божик.

Тоа се следните Цркви: најголемиот дел од Цариградската Патријаршија (освен Света Гора), Александриската патријаршија, Антиохиската патријаршија, Романската православна црква, Црквата на Грција, Црквата на Кипар, Бугарската православна црква, Албанската православна црква, дел од Полската православна црква и дел од Православната црква на Чешка и Словачка. По новиот календар се раководи и Православната црква во Америка.

Најголемиот дел од Православната црква останува да го празнува Рождеството Христово според стариот (јулијански) календар: Ерусалимската патријаршија, Руската православна црква – Московска Патријаршија, Српската Патријаршија, Грузиската православна црква, Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, дел од Полската православна црква и од Православната црква на Чешка и Словачка, како и Света Гора.

Подетално за прашањето за календарот во Православната црква, може да прочитате тука: https://liturgija.mk/pouka/prasanja/za-datumite-na-proslava-na-veligden-i-bozhik/