Споменот големиот српски владетел и голем Божји угодник – свети Симеон Мироточив, беше прославена на 26 февруари 2025 година со света Литургија, во Белградскиот храм посветен на овој светител. На Литургијата началствуваше Неговата Светост, Српскиот патријарх г.г. Порфириј, а му сослужуваа: митрополитот Волоколамски г. Антониј – претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, епископот Моравички г. Тихон – викар на Српскиот патријарх и свештенослужители на Српската и Руската православна Црква.
– Го славиме денес оној кој минуваше низ бурите и немирите на овој свет, но ги заврши и затвори сите немири, сите бури, сите дилеми, сите судири и сите конфликти во себе и надвор од себе со единствениот исправен и нормален мир, определен за човекот од вечноста – мирот кој не постои, без разлика како се нарекува, кој одлучува за него и какви сили се вложени. Мирот не постои ако не е мирот на Оној чијшто име е Мир, ако не е мирот на Кнезот на мирот, ако не е мирот на Оној кој го создаде мирот – светот, ако не е Божјиот мир кој непрестајно го повикуваме и споменуваме во нашите животи. Најважно од сè, со него започнува светата Литургија и се споменува безброј пати низ неа: „Во мир да се помолиме на Господа…“, „За мирот на целиот свет…“, „Мир вам…“, „Мир Божји…“, „Мир на тебе што ја благовестиш радоста…“, и на крај, Литургијата завршува со зборовите: „Во мир да излеземе!“ Денес го славиме оној кој не само што го пронајде мирот, туку стана едно со него, стана едно со Христос како мир – истакна, меѓу другото, патријархот Порфириј во својата беседа на богослужбата.
Пренесувајќи ги поздравите од Неговата Светост Патријархот Московски и на сета Рус г.г. Кирил, митрополитот Антониј се заблагодари за срдечниот и братски пречек, го честиташе празникот и му посака мир и благосостојба на српскиот народ.







