Во петок, 16/29 ноември 2024 година, Ерусалимската Патријаршија го прослави споменот на светиот свештеномаченик Филумен од братството на Светиот Гроб кај Јаковиот бунар во Неапол, Самарија.
На оваа прослава, Црквата на Ерусалим се сеќава на светиот Свештеномаченик Филумен кој потекнуваше од Кипар, а се приклучи кон братството на Светиот Гроб на млада возраст и оддадено служеше во различни служби. Во текот на неговата последна служба како игумен на Јаковиот бунар, беше жртва на насилен напад од нечија нечесна рака, покрај бунарот, во часот на неговата молитва на денот на празникот на Светиот евангелист Матеј, на 16/29 ноември 1979 година, напад кој го лиши од земниот живот и стана повод за наследство на вечноста.
Ерусалимската Патријаршија со посебен Синодски акт го вброи во редот на свештеномачениците во 2009 година.
Над бунарот, во новоизградениот свет храм на светата Фотина Самарјанка и параклисите на свети Филумен од братството на Светиот Гроб и на свети Јустин Философ и маченик од Неапол, кој го подигна сегашниот ректор и игумен, архимандрит Јустин, богослужбата ја предводеше Негово Блаженство Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил, заедно со Негово Преосвештенство Митрополит Назаретски г. Кириак, Негово Преосвештенство Архиепископ Константински г. Аристарх и свештеномонасите од Светиот Гроб, на чело со сегашниот егзарх на Светиот Гроб во Атина, архимандрит Јероним, архимандритите Мелетиј и Кириак од манастирот „Св. Герасим“, свештеници од арапско и руско говорно подрачје, архиѓаконот Марко и ѓаконите Симеон и Доситеј, со помош и заедничка молитва на архимандритот Вартоломеј, при пеење на др. Јакуп на десната певница – на грчки и хорот на Јаковиот бунар на левата певница – на арапски, со учество на верници од околните области, од Ерусалим и од Манастирот „Св. Герасим Јордански“.
Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/η-εορτη-του-αγιου-ιερομαρτυροσ-φιλουμ-6/