Во среда, на 15/28 август 2024 година, во Ерусалимската Патријаршија беше прославен празникот Успение на Пресвета Богородица, и тоа во нејзиниот свет храм, од 317 година, посветен на Успението каде што се наоѓа и гробот каде што била положена Богородица.
На овој празник, целата Црква, особено онаа во Ерусалим, се потсетува дека Пресвета Богородица, ќерка на светите родители Јоаким и Ана и мајка на нашиот Господ Исус Христос, заспа на Сионската Гора и беше погребана од светите Апостоли, собрани по Божја волја, во Гетсиманија. Господ го зеде нејзиното свето тело и го постави од Својата десна страна, за да биде таму, над небесните чинови, прва по Бога во триумфалната Црква, молејќи се за оние кои ја почитуваат, и за целиот свет.
Во чест на Успението на Богородица, беше отслужена свечена Божествена Литургија во нејзиниот свет гроб, на која началствуваше Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил, во сослужение со Високопреосвештените Митрополити: на Капитолијада г. Исихиј, на Бостра г. Тимотеј, и Архиепископите: на Гераш г. Теофан, на Лида г. Димитриј, и на Мадаба г. Аристовул, на Константина г. Аристарх, и на монасите и свештениците од Светиот Гроб, претставниците на Романската и Руската Патријаршија, архиѓаконот Марко и ѓаконите Евлогиј и Доситеј. На едната певница беше јероѓаконот Симеон заедно со монасите кои служат во оваа светиња – кои пееја на грчки, а на другата певница беше хорот на Свети Јаков Брат Господов – кој пееше на арапски. На службата Присуствуваа Генералниот конзул на Грција во Ерусалим и персоналот на Конзулатот, верници од Ерусалим и други поклоници, кои беа малку на број поради продолжувањето на војната, како и православни верници од окупираните територии, кои беа малкумина поради ограничувањата од страна на Израелската воена администрација.
Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/η-θεομητορικη-τησ-κοιμησεωσ-τησ-θεοτο/