Прослава на Видовден во Грачаница

Во пресрет на Видовден, во манастирот Грачаница, на Косово и Метохија, беше отслужено празнично бдеење, со кое чиноначалствуваше игуменот на Црна Река, архимандрит Андреј, со молитвено учество на Високопреосвештените Митрополити Врањски г. Пахомиј и на Рашко-Призренски г. Теодосиј, како и на Преосвештениот Епископ Пакрачко-славонски г. Јован.

Следниот ден, на Видовден, 28 јуни 2025 година, во манастирот Грачаница свечено беше прославен еден од најзначајните датуми во српската историја — споменот на Косовската битка и жртвата на Светиот кнез Лазар и српските маченици.

Со Светата Литургија началствуваше Високопреосвештениот Митрополит Црногорско-приморски г. Јоаникиј, во сослужение со Високопреосвештените Митрополити: Врањскиот Пахомиј, Милешевскиот Атанасиј и Рашко-призренскиот Теодосиј, како и со преосвештените епископи: Пакрачко-славонскиот Јован и Топличкиот Петар, викар на Српскиот патријарх.

На молитвеното собрание присуствуваа игумени и игумении од повеќе манастири на Српската Православна Црква, меѓу кои и игуменијата на манастирот Жича, мати Јелена со сестринството, како и голем број свештенослужители, монаси, монахињи и верници од сите српски краишта и дијаспората.

По Литургијата, прославата продолжи на Газиместан, каде што беше отслужен парастос за сите пострадани во Косовската битка.

Извор: https://spc.rs/sr/news/aktuelno//14317.vidovdan-u-gracanici.html