Во петокот, на 14 / 27 септември 2024 година, беше прославен празникот на Воздвижението на Чесниот Крст во Архиепископијата на Катар.
Вечерта во четвртокот, на 13 / 26 септември 2024 година, беше отслужена празнична вечерна служба со петолебие, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“.
На самиот ден на празникот во храмот „Свети Исаак Сирин, Свети Георгиј и Свети Макариј Ерусалимски“, беше отслужена утрена богослужба и архијерејска света Литургија, на која началствуваше Неговото Високопреосвештенство Архиепископот на Катар г. Макариј, со сослужување на протојерејот-ставрофор Михајл Теохаридис, со учество на благочестивата паства.
По Божествената Литургија, беше извршен чинот на Воздвижението на Чесниот Крст на четирите страни, според типикот на Ерусалимската патријаршија.
Певницата на храмот пееше на арапски и на грчки јазик.
Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/η-εορτη-τησ-υψωσεωσ-του-τιμιου-σταυρο-17/