Во четврток, 31 мај / 13 јуни 2024 година, во Ерусалимската патријаршија беше прославен Празникот на Христовото Вознесение, односно споменот на славното вознесување на небото, на четириесеттиот ден по Воскресението, на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, пред радосните погледи на Неговите ученици, на Маслиновата гора, според Евангелието и Делата на апостолите, (Дела 1,1-11).
На овој празник беше отслужена Божествена Литургија во светиот манастирски и патријаршиски храм „Свети Константин и Елена“, на која чиноначалствуваше Блаженејшиот Патријарх Ерусалимски г.г. Теофил.
Празникот свечено беше прославен и на Маслиновата гора, на местото каде што се случи Вознесението Господово.
На Вечерната служба началствуваше Високопреосвештениот Архиепископ Севастиски г. Теодосиј.
Следеше литија до поклоничкото место на Галилејците (Галили Вири), поранешната резиденција на блаженоупокоениот патријарх Ерусалимски Бенедикт, и потоа до местото на Вознесението Христово, каде што беше завршено читањето на Малото повечерие и пеењето на Канонот на Вознесението.
Утрото на истото место беше отслужена Божествена Литургија на која началствуваше Високопреосвештениот Архиепископ Севастиски г. Теодосиј, во сослужение со јеромонасите од Светиот Гроб и свештениците од храмот „Свети Јаков брат Господов“, со учество на бројни верници и поклоници, со присуство на грчкиот конзул г-ѓа. Ана Мантика. На грчки пееја учениците од Патријаршиската школа на Сион, а на арапски – хорот од храмот „Свети Јаков брат Господов“.
За време на Божествената Литургија, на ова свето место дојдоа да се поклонат Блаженејшиот Ерусалимски Патријарх г.г. Теофил со членовите на Светиот архијерејски синод.
Неговото Блаженство потоа ја посети блиската величествена црква на Вознесението Господово, на Руската задгранична православна црква, каде што беше примен од игуменот архимандрит о. Роман.
Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/η-εορτη-τησ-αναληψεωσ-εισ-το-πατριαρχε-9/