На 23 јули 2024 година, во светогорскиот манастир „Ватопед“ беше прославен празникот на Соборот на светите отци од истоимениот манастир. Празникот беше одбележан според светогорскиот типик, со сеноќно бдение и Литургија.
На празничното бдение и на Литургијата началствуваше Фтиотидскиот митрополит Симеон (од Црквата на Грција). На богослужбата учествуваа и: Ирскиот митрополит Јаков (од Цариградската патријаршија), игуменот на светогорскиот манастир „Каракалу“ Филотеј, игуменот на „Ватопед“ Ефрем и други отци.
На десната певница пееја монаси од манастирот „Каракалу“, а на левата певница пееше Георгиос Константину, со членови на Грчкиот византиски хор.