Протест од Романската патријаршија за затворањето на храмот „Свети Тројца Јераси“ во Украина

Романската патријаршија со жалење и тага ја прими веста дека богослужбите на романски јазик веќе не можат да се одржуваат во храмот на митрополитите на Буковина во Украина, митрополити кои зборувале и служеле на романски јазик, и е солидарна со православните Романци од Черновци кои бараат повторно отворање на овој историски храм за служби на романски јазик.

„Иако свештенството и верниците од романската заедница во регионот на Черновци не се членови на Романската православна црква, туку припаѓаат на друга православна црква, не можеме да останеме рамнодушни пред конфискацијата од страна на властите, со разни административни оправдувања, на симболот на романскиот идентитет, како и пред кршењето на верските слободи на некои романски православни христијани“, се вели во соопштението на Прес-бирото на Романската патријаршија.

„Како резултат на тоа, бараме, заедно со романските организации кои ни пишаа, поддршка од романските власти кон украинските власти, за Романците да бидат слободни да се молат на својот јазик и да се приклучат на Романската православна црква, доколку го посакаат тоа.“

Митрополитскиот храм „Свети Тројца Јерарси“ во Черновци има значајно културно и историско значење за романската заедница во областа.

Во криптата под капелата се наоѓаат посмртните останки на следниве буковински романски епископи: епископот Доситеј Хереску (1710-1789), митрополитите Теофил Бендела (1814-1875), Теоктист Блајевиќ (1807-1879), Силвестру Морариу-Андриевиќ (1818-1895), Аркадије Ќуперковиќ (1823-1902), Владимир Репта (1841-1926), Нектариј Котларчук (1875-1937) и епископот на Радaуци, Иполит Воробчиевич (1849-1939).

Храмот беше запечатен од градоначалникот на Черновци на 23 август 2024 година, со поништување на одлуката од 1990 година, со која ѝ беше доделен овој храм на парохијата „Свети Никола“.

Извор: https://basilica.ro/patriarhia-romana-este-solidara-cu-romanii-din-cernauti-pentru-redeschiderea-capelei-mitropolitilor-bucovinei/