Евангелска црковна заедница во Халифакс, Западен Јоркшир, во Англија, заедно со нивниот пастор се подготвува за преминување во православна вера.
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Британските острови и Ирска г. Силуан од Антиохиската патријаршија, заедницата започна катехизација, како подготовка за примање во православие. Оваа заедница ќе оформи нова парохија посветена на света Хилда, игуманија Витбиска.
Веќе неколку недели членовите на оваа заедница го поминуваат процесот на катихизација заедно со нивниот пастор, Даглас Кларк, и помошниот пастор, Вивиерс Фереира. Покрај тоа, уште тројца христијани од други заедници во Халифакс се приклучија на овој процес, како и едно петчлено семејство што живее во Бурнли. Овој процес ќе заврши на почетокот на септември со нивното официјално примање во православната вера и со една ракополагање во ѓаконски чин.
Митрополитот благослови парохијата на Свети Ајдан од Линдисфарн во Манчестер и нејзиното свештенство да се грижат за оваа нова парохија, со помош на чтецот Стивен Нендик и свештенството од црквата Свети Константин Велики во Јорк.
Уште во 1995 година, кога Антиохиската православна црква се прошири во Обединетото Кралство, неколку вакви заедници беа катихизирани и примени во Црквата преку процесот наречен „Патување кон православието“.
Антиохиската православна црква во Британските Острови и Ирска останува отворена не само за поединци кои сакаат да пристапат кон Црквата, туку и за цели црковни заедници, кои можат да станат основа за нови парохии во оваа архиепископија.
На фотографијата, отец Григориј од црквата Свети Ајдан во Манчестер ги запишува возрасните и децата во катихетското училиштето во Халифакс, каде што оваа заедница моментално се собира за богослужба.
Извор: https://www.antiochian-orthodox.com/post/pilgrimage-to-orthodoxy-reborn