Братството на манастирот „Св. Јов Почаевски“ на Руската задгранична православна црква, ја одржа својата прва богослужба во новото манастирско место во Гинцбург, 70 милји северозападно од Минхен, Германија. Претходната локација на овој манастир беше во самиот град Минхен, уште од 1945 година. Меѓутоа, тој објект стана претесен да ги смести во себе манастирското братство и посетителите, а градбата страдаше од дотраеност.
За свое ново живеалиште, монасите го одбраа замокот Зајфридсберг поради неговата пооддалечена локација. Самиот објект не е нов и има потреба од голема реновација, но многу подобро ги задоволува потребите на манастирското братство.
Радосниот настан на првата богослужба во новото место се совпадна со манастирската храмова слава, на 10 ноември. Тој ден, клучевите од замокот Зајфридсберг официјално беа предадени на братството, и првиот молебен беше одржан во новиот имот. На монасите им се придружија околу 500 поклоници од цела Германија, известува манастирот.
„Ново поглавје започна и за Православието во Германија како целина и за замокот Зајфридсберг, кој беше запуштен многу години,“ пишува Неговото Преосвештенство Епископ Јов Штутгартски, кој беше присутен на настанот заедно со Неговото Високопреосвештенство Митрополит Марко Берлински.
По молебенот и поздравите, беше одржан мал концерт на Минхенскиот Катедрален хор во фоајето на главната зграда.
Епископ Јов известува за следните чекори за манастирот: „Предавањето на клучевите означува почеток на нова фаза за нас. Во следните недели, ќе изработиме детални дијаграми на просториите и ќе започнеме прецизно планирање на работата во замокот. Ова ќе ни овозможи да одредиме кои задачи треба да се завршат во кој временски рок, и каде ќе ни треба помош од доброволци.“
На следното видео погледајте куса репортажа за овој свет манастир.
Извор: https://preview.mailerlite.io/preview/1108849/emails/137722453258404950 преку: https://orthochristian.com/164580.html