Во недела, 13 октомври 2024 година, во отворен храм, поради присуството на голем број верници, околу 3.000, во дворот на Православното богословско училиште во градот Уеуетенанго, Гватемала, беше извршена хиротонијата на избраниот епископ Сасимски, Евангелос Пата Туктук, од страна на архијереите на Цариградската патријаршија: Високопреосвештениот Митрополит на Мексико и Егзарх на Централна Америка и Карипските Острови г. Јаков и помошните епископи Мирински г. Атинагора и Асоски г. Тимотеј.
Новоракоположениот мисионерски клирик, помошен Епископ на Високопреосвештениот Митрополит на Мексико г. Јаков и Местобљустител на регионот на Централна Америка со надлежност за Гватемала и регионот Чијапас во Мексико, го доби името Осиј.
Тој е првиот Гватемалски Епископ, духовно чедо на Андрес Хирон, мисионер на Маите.
Епископот Сасимски г. Осиј лично опслужува 84 парохии, а надгледува вкупно 114, со население од 300.000 домородни верници со помош на 5 презвитери и 2 ѓакони.
Гватемалците се потомци на Маите, живеат во релативно сиромашна земја, ги градат своите преполни храмови со личен труд, ја сакаат Православна црква – се вели во известувањето на Ромфеа.















