Рашко-призренската епархија на СПЦ ја осудува употребата на сила врз српски малолетник од страна на косовската полиција

Рашко-призренската епархија на Српската Православна Црква изразува загриженост поради денешниот инцидент во Северна Митровица и ја осудува селективната и прекумерна употреба на сила од страна на косовската полиција врз малолетно момче од групата српски матуранти, кои на главното шеталиште го прославувале завршувањето на учебната година и матурската вечер. Истовремено, полицијата не реагирала на провокациите од страна на косовските Албанци на истото место – се вели во известувањето од епархијата.

На видео снимка објавена на социјалните мрежи се гледаат тројца косовски полицајци како напаѓаат еден малолетник, при што еден од нив го дави околу вратот. Српскиот народ го доживува овој инцидент, како и низа други инциденти од изминатите денови, како продолжение на систематскиот притисок врз Србите во Косово и Метохија.

Рашко-призренската епархија ги повикува меѓународните претставници во Косово и Метохија да ја запрат ескалацијата на провокациите и примената на сила врз Србите, особено на северот од покраината, бидејќи тоа може да доведе до сериозно влошување на безбедносната состојба – завршува соопштението објавено на интернет страницата на Српската Православна Црква.

Извор: https://spc.rs/sr/news/aktuelno//14092.eparhija-rasko-prizrenska-osuduje-primenu-sile-protiv-srpskog-maloletnika-od-strane-kosovske-policije.html