Разговори на Антиохискиот Патријарх Јован со претстоителите на помесните Православни цркви

Неговото Блаженство Патријархот Антиохиски и на целиот Исток г.г. Јован X, на 20 август оваа година оствари телефонски разговор со Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски и на цела Палестина г.г. Теофил III. За ова известува информативната служба на Антиохиската Патријаршија.

Во разговорот беше нагласена важноста од градењето мостови на комуникација со останатите Православни цркви преку сите тела, со дијалог, конференции и совети. Ова е потребно во време кога земјите и општествата тежнеат да го заменат пристапот на разговор и средби со пристапот на судири. Обајцата се сложија за важноста на улогите на Антиохиската и Ерусалимската црква во зачувувањето на присуството на Христијаните на Блискиот Исток.

Еден ден претходно, на 19 август, Антиохискиот Патријарх Јован имаше сличен разговор со Александрискиот Патријарх Теодор II, а на 22 втори август разговараше со Архиепископот Тирански и на цела Албанија Анастасиј. За претходните разговори со Српскиот Патријарх Порфириј, со Цариградскиот Патријарх Вартоломеј и со Кипарскиот Архиепископ Георгиј веќе известивме.

Во сите овие разговори се провлекува истата тема: важноста од зајакнувањето на братската комуникација и соработка помеѓу помесните Православни Цркви во време кога се зголемуваат конфликтите особено во регионот на Блискиот Исток, и опстојувањето на Христијаните на просторите на првата татковина на Христијанството е загрозена. Во сите разговори беше нагласена потребата од молитви за мир.

Извор: https://www.antiochpatriarchate.org/ar/page/البطريرك-يوحنا-العاشر-في-اتصال-مع-بطريرك-الإسكندرية-ثيودوروس-الثاني/2749/