Разочарување во Фанар заради „украинското прашање“

„Имаше чувство на разочарување за време на седницата на Светиот синод на Вселенската Патријаршија во врска со напредокот на таканареченото ’украинско’ прашање“ – известува orthodoxtimes.com.

Според добро информирани извори на orthodoxtimes.com, на вториот ден од заседавањето на Светиот Синод, бил претставен извештај од 50 страни, изготвен од тричлената делегација која ја посети Украина во август. Атмосферата за време на дискусијата што следела била напната, бидејќи архијереите од Синодот изгледа заклучиле од извештајот дека посетата на делегацијата не дала никакви позитивни резултати.

Конкретно, било забележано дека изгледа нема изгледи за дијалог помеѓу двете страни во Украина, бидејќи и Митрополитот Епифаниј и Митрополитот Онуфриј изгледаат неподготвени да отстапат од своите позиции за да најдат заеднички јазик.

Показател за преовладувачката атмосфера е фактот што некои архијереи дури зборувале за можноста за свикување нов обединувачки собор. Истовремено, некои од синодските архијереи изразиле сомнеж дека изборот на Митрополитот Епифаниј за поглавар на Православната Црква на Украина бил правилен.

За време на сесијата, било ислушано и мислењето на Митрополитот Сава Варшавски, кој предложил да се најде нов лидер за Автокефалната Црква на Украина.

Дополнително, за време на истата сесија, било прочитано писмото испратено од Митрополитот Епифаниј Киевски до Синодот. Според orthodoxtimes.com, Митрополитот Епифаниј во своето писмо го критикувал Егзархот на Вселенската Патријаршија во Киев, Епископот Михаил Комански.

Тој исто така зборувал омаловажувачки за тричлената делегација на Вселенската Патријаршија која го посети Киев, како и за нивните дејствија и исходот од посетата на трите пратеници на Вселенската Патријаршија – открива истиот портал.

Како да не беше тоа доволно, Егзархот на Вселенската Патријаршија во Киев, Епископот Михаил Комански, исто така испратил писмо во кое ја презентирал својата перспектива за тековната ситуација во Православната Црква на Украина, давајќи негативни коментари за Митрополитот Епифаниј.

Извор: https://orthodoxtimes.com/disappointment-at-the-phanar-over-the-ukrainian-issue-upd/