Неговата Светост Српскиот Патријарх Порфириј објави реакција на судската пресуда против избраниот претседател на Република Српска Милорад Додик, која ја оценува како „Одлука што го загрозува повеќедеценискиот труд за помирување на народите“.
Реакцијата на Неговата Светост ја пренесуваме во целост.
Со длабока загриженост ја примив веста за одлуката на Судот на БиХ, со која легално избраниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, спротивно на сите правни рамки, е осуден на една година затвор и шест години забрана за политичка дејност.
Оваа пресуда, без никакво сомнение неуставна и спротивна на Дејтонскиот договор, има потенцијал да загрози сè што во изминатите три децении е направено за зацелување на раните од војната и помирување меѓу народите во Босна и Херцеговина, а со тоа претставува исклучително опасен преседан.
Упативајќи молитви кон Господа, Дарителот на мирот, да ни подари дух на мир и инспирација да го градиме заеднички, апелирам до сите засегнати страни во оваа непријатна ситуација да направат сè што е во нивна моќ за да ги спречат и смират растечките тензии во Босна и Херцеговина. Не дај Боже, тие да ја нарушат стабилноста на Балканот и поширокиот регион, рушејќи го со голема мака граденото меѓунационално помирување во бездна на нови, непотребни и несакани трагедии.
Српски патријарх
Порфириј
