Реакција од Албанската Црква во врска со прогонот на православните во Украина

Православната црква на Албанија на својата официјална интернет страница објави реакција во врска со прогоните на канонската Украинска православна црква и новодонесениот закон 8371.

Соопштението во продолжение го пренесуваме во целост.


Автокефална Православна Црква на Албанија 

Црквата на Албанија за прогоните на канонската Православна Црква на Украина според Законот 8371

Прогоните, затворите, сквернавењето на светите места, конфискувањето на имоти на светите храмови и манастири претставуваат брутални дејствија. Тие стануваат уште поужасни кога се наметнуваат од законодавни тела на демократски земји.

Неодамнешниот закон 8371/24.08.2024 на Парламентот на Украина очигледно има за цел укинување на канонската Украинска Православна Црква. На овој начин, се прогонуваат милиони украински православни верници, многубројни епископи, свештеници, монаси и монахињи, под водство на митрополитот Онуфриј, сите членови на „едната света соборна и апостолска Црква“.

Според зборовите на Апостол Павле „ако страда еден дел, тогаш страдаат сите делови“ (1 Кор. 12, 26), и ние, сочувствувајќи со нашите браќа кои се под прогон, се молиме за престанок на крвавите непријателства, кои го рануваат целиот украински народ, за укинување на овој нелогичен закон, да надвладее мирот и единството на Православието, за да може да го исполни своето сведоштво во светот.

Тирана, 26.08.2024

Извор: https://orthodoxalbania.org/2020/el/2024/08/26/ορθόδοξος-αυτοκέφαλος-εκκλησία-της-α-4/