Православната Црква на Албанија со официјално соопштение реагираше на резултатите од пописот во Албанија во 2023 година. Црквата смета дека бројот на Православни Христијани во Албанија е поголем од она што го отсликуваат резултатите на пописот, според кои бројот на Православни Христијани е намален за 15.000 во однос на пописот од 2011 година.
Во продолжение интегрално го пренесуваме ова соопштение.
Соопштение во врска со резултатот од Пописот во 2023 година
Резултатот од Пописот 2023 во Албанија, во однос на процентот на Православни Христијани, не ја одразува вистинската состојба. Тоа е поради разни причини, меѓу кои:
- Попишувачите, во многу случаи, не ги прашуваа граѓаните за нивната религиозна припадност.
- Имаме документирани податоци дека голем број верници воопшто не биле евидентирани или не биле посетени од ниту еден попишувач.
- Според нашите регистри на крстени, јасно се покажува дека бројот на Православни Христијани е многу поголем од оној кој е прикажан во Пописот.
- Според постари статистички податоци, ги имаме следниве податоци: Сунитите и Бектешите муслимани се 67,5%, православните 22,3%, а католиците 10%.
Иако прашањето за религиозната припадност беше незадолжително, големиот број на неопределени верници (332.155), атеисти (85.311), оние кои претпочитаат да не одговорат (244.331) и оние кои не биле достапни (134.451) – вкупно 796.248 – околу 1/3 од населението, сведочи за неточноста на овој Попис.
Извор: https://orthodoxalbania.org/2020/el/2024/07/18/ορθόδοξος-αυτοκέφαλος-εκκλησία-της-α-2/