Претседателот на Синодскиот оддел за односи меѓу црквата и општеството / медиумите на Руската Православна Црква, Владимир Легојда, даде изјава во врска со соопштенијата од 2 јули 2025 г., за одземањето на украинското државјанство на Неговото Блаженство Митрополитот Онуфриј Киевски и на цела Украина. Во продолжение ја пренесуваме оваа реакција објавена на официјалната страница на Московската Патријаршија:
Украинската власт продолжува да врши притисок врз паствата, свештенството и епископите на Украинската православна црква, единствената канонска православна црква во земјата. Запленувања на храмови, прогон на свештенството и лаиците, протерувања, апсења и кривични пријави против епископи – сега овој список е дополнет со одземање на државјанството на претстоителот на Украинската православна црква, Неговото Блаженство Митрополитот Онуфриј Киевски и на цела Украина.
Точната правна проценка на овој чекор сè уште претстои, но веќе може со сигурност да се каже дека одземањето на државјанството на Митрополитот Онуфриј не е само правна мерка насочена против граѓанин на Украина. Ова е суров политички акт со цел вршење притисок, не врз еден човек, туку врз целата многумилионска паства на Украинската црква. Ова е продолжение на прогонот на Црквата и верниците, кои го сочинуваат мнозинството граѓани на Украина.