Римокатолички кардинал го прочита „Символот на верата“ на Литургија во Цариградската Патријаршијата

На Божествената Литургија која беше отслужена во недела, на 20 јули, во Патријаршискиот храм „Свети Георгиј“ во Фанар, претстоеше Архиепископот Американски г. Елпидофор, кој со група поклоници се наоѓа овие денови во Истанбул.

На Литургијата присуствуваше и Патријархот Вартоломеј, додека присутен беше и американскиот римокатолички Кардинал Џозеф Тобин, кој пристигна од САД заедно со Архиепископот Елпидофор.

Изненадување предизвика фактот што за време на Литургијата, американскиот Кардинал, по Архиепископот Елпидофор, го прочита и тој Символот на Верата. При тоа не го прочита делот „и од Синот“, познатото „филиокве“.

Извор: https://eeod.gr/news/84179-papiks-kardinlios-angnose-to-pisteo-sto-patriarcheo