Романска парохија во Англија се стекна со храм од 19 век

Романската Православна парохија во Саутемптон, на јужниот брег на Англија, се стекна со црква од 19 век како нов духовен дом.

Под раководство на отец Овидиу Семереан, верниците од парохијата „Св. Калиник Черникиски“ ги собраа потребните средства и со сопствени напори ја купија црквата „Света Троица“ – јавува Романската Православна Архиепископија на Велика Британија и Северна Ирска.

Со благослов на Митрополитот Јосиф, црквата беше купена на 14 декември, а придружната сала на 24 февруари.

Поранешната англиканска црква „Света Троица“ е изградена во 1884 година на местото на стара црква посветена на свети Никола. Црквата содржи и капела посветена на хероите од Првата светска војна, како и спомен-плочи во чест на оние кои загинале на бродот „Титаник“, кој отпловил од пристаништето во Саутемптон.

„Со оваа аквизиција, парохијата ’Св. Калиник Черникиски’ ја потврдува својата мисија за зачувување и пренесување на православната вера, обезбедувајќи им на Романците во Саутемптон место за молитва, заедништво и духовна континуитет“ – пишува Архиепископијата.

Извор: https://roarch.org.uk/place-of-worship-in-ownership-for-the-romanian-orthodox-parish-in-southampton/