Патријархот Даниел, поглавар на Романската Православна Црква, ги повика родителите, училиштата и црковните институции да соработуваат за духовното и моралното воспитување на децата, предупредувајќи дека брзото еродирање на духовните вредности во современото општество го загрозува достоинството на семејството и ја ослабува врската меѓу родителите, децата и Црквата – известува романскиот црковен медиум „Басилика“.
Во продолжени е неговото обраќање беше на 6 ноември 2025 година, во палатата на Парламентот, на настанот по повод 20 години од основањето на Националната федерација на родители.
Соработка меѓу семејството, училиштето и Црквата во воспитувањето и образованието на децата
По повод дваесетгодишнината од основањето на Националната федерација на родители, одбележана на 6 ноември 2025 година во палатата на Парламентот, со татковска љубов ги охрабруваме членовите на Федерацијата да ги ценат и поддржуваат напорите на сите воспитувачи, и да ги негуваат и промовираат вредностите на верата во семејството, во училиштето и во општеството.
Меѓу тајната на Црквата и тајната на семејството постои длабока поврзаност (сп. Еф. 5, 32).
Црквата го благословува семејството и го води по патот на спасението и светоста, а семејството го продолжува животот на Црквата: оние што се раѓаат во христијанско семејство не влегуваат само во човечката заедница, туку преку Светото Крштение влегуваат во црковната заедница и во татковската и синовската љубов на Светата Троица.
Во христијанското семејство, детето расте во љубов кон Бога и ближниот, формирајќи светол начин на разбирање на светот и животот, првите навики и религиозно-моралниот карактер.
Од таа причина, свети Јован Златоуст ги советува родителите да го втемелуваат доброто учење во душите на своите деца уште од најрана возраст: „Ако во неговата душа, додека е уште нежна, втиснеш добри поуки, никој нема да може да ги искорени; тие се зацврстуваат како печат ставен во восок.“
Ослабувањето на верата, на родителската, синовската и братската љубов, како и занемарувањето на воспитувањето во семејството, водат кон слабеење на врската на семејството со Црквата — кон рамнодушност и духовно распаѓање. Кризата на семејството се изразува преку напуштање на децата од страна на родителите, и на родителите од страна на децата; преку големиот број абортуси и разводи; преку зголемувањето на семејното насилство и младинската деликвенција; преку опасноста од дрога и други зависности, како и преку промовирањето на „невообичаени модели“ на семејство.
Денес, Црквата го брани достоинството на семејството во општество кое се наоѓа во криза на духовните вредности и е изложено на постојани промени што ја поткопуваат првичната улога на родителите во воспитувањето на нивните деца.
Во таа смисла, согласно член 29, став 6 од Уставот на Романија, Романската Патријаршија постојано го поддржува правото на родителите да обезбедат образование на своите малолетни деца во согласност со своите убедувања, бидејќи таа одговорност им припаѓа на родителите.
Понатаму, со цел да се истакне основната улога на родителите во образованието, со Одлука бр. 629 од 12 март 2009 година, Светиот Синод на Романската Православна Црква утврди дека првата недела по 1 јуни — Меѓународниот ден на детето — ќе се нарекува „Недела на родителите и децата“.
Секое дете има потреба од семејство и училиште — и, од првиот ден на животот, од Црквата — за заедно да соработуваат во неговиот физички, интелектуален и духовен развој. Во семејната, училишната и црковната средина, Црквата го поддржува сеопфатното образование на децата и младите, вреднувајќи го посебниот воспитен придонес на веронауката.
Часовите по Религија во училиштата, заедно со националната катехетска програма „Христос споделен со децата“, им го откриваат на децата и младите длабокото христијанско значење на животот, им нудат основни насоки за личен и општествен развој, ја развиваат љубовта кон Бога и ближниот и кон целото Божјо создание, ја поттикнуваат заедницата меѓу генерациите и помагаат во откривање и негување на духовни и општествено корисни призиви.
Исто така, преку десетте изданија на едукативниот проект „Избери училиште!“, Романската Православна Црква ја поддржа едукацијата на децата изложени на ризик од напуштање на училиштето поради материјални тешкотии или миграција, за тие деца да можат да се интегрираат и растат во заедница што ги негува духовните и културните вредности.
По повод прославата на 20 години од активноста, им посакуваме на сите членови на Националната федерација на родители – „Едупарт“, и на сите учесници во оваа годишнина, здравје, радост и многу помош од Бога!
Со длабока почит и отечки благослов,
† Даниел
Патријарх на Романската Православна Црква
Извор: https://basilica.ro/en/patriarch-daniel-church-defend-family-dignity/
